Политика за приватност

I. Општи одредби

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие општи услови за користење пред да ја користите веб страната beautymed.mk (во понатамошниот текст само “Beauty Med”). Овие општи услови и правила претставуваат договор помеѓу вас и Beauty Med, кој ви дава право да ги користите услугите на страната за лични и некомерцијални цели, кои подлежат на условите подолу. Овие општи правила и услови се обврзувачки само во односот на вас како корисник на услугите на страницата и Beauty Med. Со пристап на веб страната, вие се согласувате да бидете обврзани со овие општи правила и услови и сите последователни промени на нив и се согласувате да ги почитувате. Ако не се согласувате со сите одредби и услови подолу, немојте да ја користите веб страната на Beauty Med.

Корисниците го добиваат правото да ги користат услугите на beautymed.mk, во понатамошниот текст наведени во овој документ и само “страницата”, само за лични/некомерцијални цели.
II. Основни концепти

За целите на овие општи одредби и услови, следните термини се користат со следниве значења:

“КОРИСНИК” е секое лице кое користи некоја од услугите на страницата.

“УСЛУГИТЕ/СЕРВИСИТЕ” на страната вклучуваат:

– пристап до информативните ресурси/ податоците на страната обезбедени преку веб-прелистувач;

– креирање и персонализација на кориснички профили преку регистрација, што овозможува пристап до информативните ресурси на страницата;
– примање на електронски билтени од корисниците кои се регистрирале за услугата на страната.

“ПАРТНЕР” е секое лице со кое Beauty Med е во договорна врска и во чие име Beauty Med има право да обезбеди дополнителни информации за своите стоки/услуги на регистрираните корисници на страницата кои дале согласност.

“ЗЛОНАМЕРНИ НАПАДИ НА ТРЕТИ ЛИЦА” – дејствија или неактивности на трети лица кои ги прекршуваат правилата на етика на интернет, вклучително, но не и ограничувајќи се на DoS (Denial-of-service), упад на серверот, обезличување, кражба на податоци, итн.

“ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ” – нудење на стоки и услуги на корисниците преку традиционална или електронска пошта , телефон или други директни средства.

III. Авторски права

1. Сите права се задржани. Сите права на интелектуална сопственост врз информативните ресурси и материјали објавени на страницата се предмет на заштита според важечкиот закон за авторски права и сродни права, а нивната нерегулирана употреба е прекршување на законот и доведува до граѓанска, административна и кривична одговорност во согласност со важечкото Македонско право.

2. Користете RSS емисии. RSS ги нарекуваме XML фајлови, кои се користат за автоматско собирање на содржина од други страни чија адреса е наведена во meta-информациите на секоја страница во Beauty Med. Тие го содржат насловот, авторот, фотографијата и првите 500 (петстотини) знаци од статијата. Тие можат повторно да се објават или соберат на другите сајотви без изречена дозвола. Секое објавување во формат различен од веб-страната бара писмена дозвола од Beauty Med. Ако другите сајотви ја користат фотографијата прикачена на RSS фидот, таа мора да биде придружена со наслов, првите 500 знаци од текстот и авторот.

IV. Приватност

Beauty Med може да ги користи собраните статистички информации за сообраќајот на страницата на партнери и клиенти кои водат статистика за кликови и др. дејства на корисниците на материјали и написи достапни на страницата.

V. Ограничување на одговорноста

Beauty Med прави се за да одржува и ажурирани информации на веб страната, без да ја исклучува можноста за објективни недоследности или пропусти. Beauty Med не е одговорен за последиците, вкл. било каква штета предизвикана или поврзана на кој било начин со пристапот, користењето или неможноста за користење на оваа страница. Сите информации на страницата се дадени во согласност со сегашното Македонско законодавство. Beauty Med прави разумни напори да го заштити својот интегритет и безбедност од непосакувани напади од трети страни.

Beauty Med не е одговорен за субјективните перцепции и толкување на точноста, комплетноста и корисноста на информативните ресурси на оваа страница.

Beauty Med не е одговорен за информациите (вклучувајќи ја нивната комплетност и точност) содржани во beautymed.mk, до кој оваа страница содржи врски.

Beauty Med има право на компензација за сите штети, трошоци и побарувања на трети страни кои произлегуваат од прекршување на овие општи услови и/или неовластено користење на улсугите на веб страната.

VI. Услуги кои бараат регистрација

Beauty Med го задржува правото да обезбеди пристап до одредени услови против задолжителната регистрација. Услугите се:

– Претплата на списанието Aesthetic Manager
– Регистрација за да добивате информации за апаратите на страницата
– Препорачување на статија
– Испраќање на приватна порака
– Регистрација за вебинари
Beauty Med го задржува правото да го прекине обезбедувањето на горенаведените бесплатни услуги со објавување на известување на страницата.

VII. Промени

Beauty Med го задржува правото да направи промени на овие услови и правила во секое време со навремено објавување на тие промени на страницата, заедно со известување за промените на условите и правилата.

Овие општи одредби и услови ќе стапат на сила од 20 Мај 2018 година.