Назад кон почетна

Нашиот тим

Маркетинг тимот на Бјути Мед Македонија го сочинуваат млади и креативни луѓе. Ние сме специјализирани во неколку различни области на маркетингот. Во нашиот тим имаме графички дизајнери кои се одговорни за целокупната визија и дизајн на брендот. Имаме дигитални маркетери специјализирани за B2C (business to customer) комуникација со клиенти за естетски процедури. Тие креираат стратегии за рекламирање на социјални медиуми. Исто така имаме и специјалисти за креирање на веб-содржини, како и лице со длабинско познавање на медиумите.

Маркетинг поддршка

Што добивате?

Меѓусебна соработка

Соработката со клиентот е она што го прави маркетингот успешен, бидејќи клиентот е срцето и душата на бизнисот. Дали сте забележале дека бизнисите често личат на нивните сопственици и на луѓето кои активно ги водат? Ова не е случајно. Бизнисот е одраз на личноста на сопственикот. Во неа ги преобразува своите чувства, мисли, визија и идеи. Работата на маркетинг професионалците е да го видат уникатното во секој бизнис и да го претворат во визија- лого, веб-страна, рекламни банери, текстови, печатени материјали.

Што добивате од маркетинг одделот на Beauty Med Macedonia?

  • Брендирање на вашиот естетски центар или салон со визија за апаратите што ги купувате кај нас.

  • Рекламна стратегија за разработување на процедурите со уредите купени кај нас.

  • 3 месеци рекламирање на процедурите со уредите што сте ги купиле од нас на социјални медиуми.

  • Фотосесија на уредите што сте ги купиле од нас, вашиот тим и вашиот центар. 200 – 300 фотографии од професионален фотограф.

  • Помош при креирање на веб-страна за вашиот салон.

  • Текстови за уредите што сте ги купиле кај нас, погодни за поставување на вашата веб страна.