
Кои чекори ги опфаќа нашата програма за обуки и што ја прави уникатна?

Една од најбитните работи при купување на апарат е да има проследена обука од компанијата од каде што го купувате апаратот. Без обука покрај тоа што нема да знаете како да ракувате со апаратот, дополнително ќе ја изгубите довербата на клиентите доколку пробувате да научите на нив и тоа може да биде фатално по вашиот бизнис. Погледнете го процесот низ кој поминувате со нашата обука и што ја прави истата уникатна:
- Прво нешто што правиме е испраќање на мејл до клиентот со упатство за користење на апаратот, со тоа што истиот ќе може да се спреми пред да започне самата обука.
- Се одлучува и закажува датум за тоа кога ќе се започне обуката. Ние преферираме вообичаено да ја спроведеме истата пред или после инсталирање на апаратот во вашата клиника. Ако обуката започне пред инсталирањето на апаратот, во тој случај се започнува теоретскиот дел и практичниот дел се одвива во нашите канцеларии. Во друг случај, практичниот дел го спроведуваме откако машината ќе биде поставена во вашиот естетски центар.

- Обуката одзима еден цел ден. Вообичаено со обуките се започнува во 9:30 – 10:00, потоа се прави пауза за време на ручек и потоа се продолжува со практичниот дел. Понекогаш обуката трае до 15:00 часот, а понекогаш до 18:00 часот, во зависност од тоа колку сте спремни.
- Во случај се’ уште да не ви е јасно, се закажува повторно посета за некој од наредните денови. Доколку ние сметаме дека сте доволно спремни да работите самите со уредот, во тој случај закажувавме посета за неколку недели. До тогаш, комуникацијата продолжува телефонски и можете да се јавите за било каква помош доколку наидете на проблем.

- За крај, ви испраќаме онлајн тест кој ќе треба да го решите и откако истиот ќе биде проверен од наша страна, ние одлучуваме дали вие треба да добиете сертификат или не. Доколку имате голем персонал, закажуваме 2-3 дена за обуките доколку имате купено повеќе од една машина. Повторно ќе напоменеме, се зависи колку спремни ќе бидете вие теоретски и за колку време можете да се префрлите на практичниот дел.
Можеме да кажеме, она што не прави уникатни е тоа што сме во контакт цело време со клиентите. И пред да ја купат машината и со години по тоа. Исто така кога имаат нови вработени, се прави дополнителна обука за нив.
Нашиот тим на тренери се состои од 5 луѓе кој работат исклучиво со тренинзи и демонстрации. Клиентите можат да не бараат кога и да сме им потребни доколку наидат со некаков проблем. Исто така нашите обуки не се лимитирани, односно можете да поминете онолку обуки колку и да ви се потребни.