Ласерска епилација за мажи.
Нова бизнис можност.
Време на читање 3 мин.
Ласерска епилација за мажи. Во минатото, мажите ја потценуваа потребата од естетски процедури за одржување на младешкиот изглед. Денес, сепак тие се повеќе прибегнуваат кон нив. Меѓу најпреферираните процедури за мажи е ласерското отстранување на влакна. Пред неколку години, актерот Џорџ Клуни поттикна милиони мажи во САД да направат ласерско отстранување на влакната откако во една ТВ емисија се пошегува дека тој ја направил оваа процедура во својата бикини зона.
Како сопственици на естетски центри, најверојатно, сте забележале зголемен интерес во последниве години од страна на мажите за ласерско отстранување на влакна. Тенденцијата е овој интерес да расте и постапката да стане се понеопходна за посилниот пол.
Мажите трошат повеќе пари за ласерска епилација
Според компанијата за статистичко истражување Allied Market Research, пазарот на естетски услуги за мажи до 2022 ќе има обрт од над 166 милиони долари. Покрај тоа, од 2000 година, интересот кај мажите за ласерска епилација е зголемен за 46%.
Иако до неодамна естетските процедури се сметаа за целосно женски свет, студијата на Американската СПА асоцијација покажува дека мажите трошат 13% повеќе пари од жените за ласерско отстранување на влакна, подмладување или обликување на телото. Истата студија предвидува дека до 2030 година, посилниот пол од генерацијата Y ќе стане 30% од сите корисници на естетски услуги.
Мажите сакаат ласерско отстранување на валкна бидејќи им овозможува да се ослободат од несакани влакна на нежните и тешко достапни области како што се брадата и вратот. Тие претпочитаат да се ослободат со неколку сесии ласерско отстранување на влакна од досадната обврска да ги бричат овие места на секои 2-3 дена. Бричењето создава дополнителна непријатност кај мажите.
Ласерска епилација за мажи. Градите, стомакот и грбот се другите преферирани области од мажите каде што често имаат значителен раст на влакна. Депилацијата и бричењето се прилично болни и одземаат многу време и методи за отстранување на влакна на толку големи површини. Затоа, мажите претпочитаат со 6 – 10 процедури за ласерско отстранување на влакна во овие области да се ослободат од влакната во наредните години.
Зошто да инвестирате во ласер за епилација
Постојат неколку многу добри причини секој сопственик на естетски центар или клиника да инвестира во квалитетен ласер за отстранување на влакна.
Студијата на Acumen Research and Consulting предвидува дека пазарот за ласерско отстранување на влакна во светот ќе достигне над 3,9 милијарди долари до 2026 година. Најголем дел од оваа пита ќе земат клиниките и центрите кои инвестираат во ласерско отстранување на влакна. Се’ поголем дел од мажите го претпочитаат ласерското остранување на влакна пред традиционалните методи за отстранување на влакна. Како восочна маска, брич или домашен епилатор. За нив тие се многу поболни, одземаат многу време и предизвикуваат дополнителни проблеми како мозолчиња и црвенило, вродените влакна кои предизвикуваат воспаление, пигментација, итн.
Ласерското отстранување на влакна е многу индивидуална процедура која решава низа здравствени проблеми, како што е фоликулитисот. Со квалитетен ласер можете да бидете уште по корисни за вашите клиенти/пациенти.
Ласерското отстранување на влакна станува се попристапна процедура за широк опсег на луѓе.
Квалитетните ласери за остранување на влакна се несомнено голема инвестиција. Сепак, секое евро вложено се враќа во рок од 2 години, со правилна бизнис и маркетинг стратегија.
Beauty Med Consult е единствената трговска и консултантска компанија на македонскиот пазар, која при купување на ласер обезбедува сеопфатна и ефикасна бизнис и маркетинг стратегија за враќање на инвестицијата на машината.