
Информираните пациенти претпочитаат ласерски процедури

Дали знаевте дека пациентите кои се добро информирани за можностите на ласерската технологија во естетската медицина ја претпочитаат таа пред другите методи? Тие би биле подложени на 3 или уште повеќе процедури за најдобри резултати. И над 29% од пациентите се подготвени да потрошат време и пари за дури 5 или повеќе процедури. Ова покажува студија спроведена од Candela во Oктомври 2017 година. Во истражувањето учествувале 152 американски луѓе на возраст од 25 до 65 години кои имале најмалку 1 ласерска процедура во изминатите 12 месеци.
Колку е важна информацијата?
82% од испитаниците рекле дека претпочитаат ласерска терапија за отстранување на лузни од акни отколку други методи кои ги третираат истите проблеми. 75% од пациентите им веруваат на ласерите за отстранување на бенигни израстоци, 68% за отстранување на брчките и 63% за отстранување на тетоважи. Испитаниците исто така рекоа дека кога размислуваат дали да користат ласер, ги земаат предвид следните фактори: помалку несакани ефекти, пократко време за опоравување и претпочитаат за понов ласерски модел.
Информирањето на пациентот за придобивките од ласерските процедури е од суштинско значење за развојот на сегментот и за сѐ пошироката употреба на технологиите на уреди во естетската медицина. Едукативните рекламни кампањи и настани во клиниките дефинитивно ја подигнуваат свеста на клиентите и помагаат да се привлечат повеќе пациенти, заклучуваат авторите на студијата.
Но…
Сепак, статистиката покажува и дека информираните пациенти за ласерските процедури се околу 50% од луѓето во САД. А 23% веруваат дека ласерските технологии работат на истиот принцип како и процедурите за инјектирање.
48% од пациентите кои не се запознаени со ласерските процедури ги наведуваат трошоците како најголема бариера за нивно некористење. Недоразбирањето и збунетоста на клиентите, исто така, создава голем број на стравови и психолошки бариери кога се одлучуваат да подлежат на ласерска процедура.
Заклучокот за информираните пациенти
Познавањето на ласерската технологија во медицината кај општата публика сè уште е ограничено. Подобрувањето на свеста за овие постапки кај поширокиот опсег на луѓе е насоката во која сите треба да работиме за развој на пазарот.