Генерација Y! Најдобри клиенти за естетски процедури
Кога едно лице создава нов бизнис, тој неизбежно си го поставува прашањето кон кои целни клиенти да ги насочи своите производи и услуги. Какво е однесувањето на овие клиенти, како да ги привлечете и кои рекламни пораки да ги упатат за да ги заинтригираат? Што се однесува до естетските процедури, би ги советувале нашите клиенти да се фокусираат на новата генерација луѓе. Тие се генерацијата Y кои постепено го заземаат светот и за неколку години ќе бидат водечка сила, како во однос на глобалната популација, така и според куповната моќ.
Според студијата на Истражувачкиот центар Pew[1], милениумците (или генерацијата Y) се новата финансиска моќ во светот. Нивната куповна моќ се проценува на над 3 трилиони долари (и тоа е многу). Тие се луѓе родени помеѓу 1981 и 1996 година. Милениумците се генерација која порасна со брзиот развој на технологијата во последните 23-38 години и моментално се на пат да станат најобразованите луѓе во историјата на САД, покажува и студијата. Статистиката на истражувачкиот центар Pew е за САД, но всушност податоците се релевантни и за целиот свет и особено за Македонија. Кај нас милениумците се и најобразованата генерација (значи најголем број луѓе со високо образование), но пред се генерација со критичко размислување. До крајот на 2019 година ќе ја измести во однос на населението генерацијата пред нив, поточно т.н. Baby Boomers (луѓе на возраст од 55-73 години). Генерацијата Y ќе претставува 75% од глобалната работна сила до 2025 година, покажува истражувањето на Pew.
Затоа, добро е да се знае начинот на размислување на милениумците, нивното разбирање на светот и начинот на избор на информации. На овој начин ќе можеме да ги допреме и да ги ангажираме со нашите брендови.
Најважното нешто што треба да се знае за милениумците
- Тие се информираат од социјалните мрежи. Само 3% од нив се информирани од телевизија и списанија. 84% од нив немаат доверба во традиционалното рекламирање.
- За нив искуството е исклучително важно кога се во прашање естетските зафати. Крајниот резултат не е толку важен. Односот помеѓу докторот и персоналот, околината во центарот, визијата и дигиталната комуникација на естетскиот центар се важни.
- Милениумците се најзаинтересирани за здрав начин на живот, па затоа им се најважни контурите на телото, фитнесот и здравата исхрана. Третманите за лице, микродермоабразијата и ласерското отстранување на влакна се на второ, трето и четврто место по важност.
- Генерацијата Y има критичко размислување и никогаш целосно не му верува на докторот. Овие луѓе самите ги пребаруваат и споредуваат информациите. Колку повеќе веродостојни и добро презентирани информации им давате за вашите процедури, толку е поголема шансата да ги добиете.
- Тие им веруваат на препораките од пријатели и познаници, како и на видео клипови од процедури снимени во самиот центар за естетика. Многу им се важни и референците од други клиенти на центарот.
- Тие претпочитаат писмена комуникација – е-пошта и/или порака на Mеssenger, Viber, Whatsapp… Повикувањето на телефон не им е најпрефериран начин на комуникација. Попрво би закажувале процедура преку интернет отколку да се јават на телефон.
Начинот на комуникација на генерацијата Y
Многу медицински практики сè уште се потпираат на стариот метод на закажување термини за процедури, имено: „јавете се за термин за 6 недели и почекајте додека не ви стане достапен термин“. Овој метод може сè уште да работи за средовечни луѓе, но не и за милениумците. Ова особено важи за дерматолозите и пластичните хирурзи кои се фокусираат на скапи естетски услуги. За да ја привлечете помладата генерација, со најголеми финансиски можности, искористете го нивниот начин на комуникација, поточно – онлајн писмената комуникација со инстант фидбек. Немаат време да чекаат термин или одговор од вас. За нив животот се движи со брзина на светлината. Сакаат веднаш да ја добијат посакуваната услуга.